100 МИЛИОНИ ФУНТИ: Еве кој ќе го наследи богатството на Џорџ Мајкл!
Џорџ Мајкл изненадно почина во неделата на 53 годишна возраст, а медиумите веќе почнаа да шпекулираат кој ќе го наследи неговото огромно богатство.
Како што пренесува светот, се очекува дека најголем дел од имотот на познатиот пејач, кој се проценува на 100 милиони фунти, ќе отиде кај децата на неговите пријатели, на кои Мајкл им бил кум.

Пеачот им бил кум на Романа и Харли Мун Кемп, деца на Мартин Кемп, басист на групата „Spaеndau Ballet“. Се очекува дека дел од парите ќе наследи и Блубел, ќерката на екс спајсицата Џери Халивел, која е кумица на поранешниот дечко на Мајкл Кени Гос.
Се претпоставува дека во тестаментот како наследници ќе бидат именувани и постарите сестри на Мајкл Мелани и Јиода, неговиот дечко Фади Фаваз, и двете деца на неговиот роднина Андрос, на кои исто така им бил кум.
