100 милиони евра инвестиција на „Oracle“ во Романија
Околу 100 милиони евра ќе инвестира американскиот производител на софтвер „Oracle“ во Романија.
Во текот на април, романскиот премиер Виктор Понта и министерот за телекомуникации Дан Ник разговараа со заменик директорот на „Oracle Corporation“, Сафра Кац и генералниот директор на „Oracle Rumunia“ Сорин Мандруческу, кои изјавија дека бројот на вработени во романската подружница достигна 2.500 лица, и дека „Oracle“ ќе продолжи да се шири во Романија.
Слично
