Економија, финансии, бизнис

Контакт

100 000 бегалци ќе влезат во Германија до крајот на месецов

100 000 бегалци ќе влезат во Германија до крајот на месецов

Околу 450 000 бегалци веќе влегле во Германија од почетокот на годината, со што 37 000 од нив се пристигнати само во последните неколку дена. Тоа го изјавила пред парламентот германскиот заменик-канцелар Зигмар Габриел.

„До пред некој ден во Германија се регистрирани 450 000 бегалци, вклучувајќи ги оние 105 000 во август и 37 000 во првите денови на септември. Во овој месец тие можеби ќе се повеќе од 100 000“, изјавил претседателот на германските социјалдемократи пред пратениците.

Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика земјите од Унијата да ја прифаќаат пропорционалната распределба на бегалците без ограничувања во нивниот број, поради рекордниот наплив на луѓе кои бегаат од Сирија и други конфликтни зони во Блискиот Исток и Африка.

„Не можеме едноставно да го затвориме таванот и да кажеме дека не се интересираме за ништо над него“, изјавила Меркел пред парламентот вчера.

Берлин очекува оваа година бројот на поднесување молби за азил во земјата да биде 800 000 лица, што е повеќе од четири пати нивниот број лани.

Слично

Поврзани вести