Економија, финансии, бизнис

Контакт

10 ЗЕМЈИ НАТРУПАА ОГРОМНИ КОЛИЧЕСТВА ВАКЦИНИ: Во повеќе од 130 земји досега нема ниту една вакцина

10 ЗЕМЈИ НАТРУПАА ОГРОМНИ КОЛИЧЕСТВА ВАКЦИНИ: Во повеќе од 130 земји досега нема ниту една вакцина

Генералниот секретар на ОН, Антониот Гутереш со остра критика поради тоа што од почетокот на имунизацијата против Ковид-19, само 10 земји употребиле дури 75% од достапните количества вакцини, додека во повеќе од 130 земји во светот нема ниту една вакцина.

Смета дека не е фер само мал број земји да контролираат најголем дел од количествата вакцини во светот.

-Во овој критичен момент, рамноправноста во однос на вакцините е најголемиот морален тест за глобалната заедница, посочи Гутереш на состанокот на Советот за безбедност на ОН при тоа нагласувајќи дека во светот од краот на декември минатата година досега се применети околу 188 милиони дози на вакцини, од кои десетици милиони се потрошија во САД, Кина, Велика Британија и Израел.


Слично

Поврзани вести