10-те најпосакувани компании за вработување на младите Кинези
Компанија за истражување „Universum“ еднаш годишно ја објавува анализата од анкетираните студенти во Кина со која се утврдува што се нуди на пазарот на труд, но и кои се најпосакуваните компании за вработување кај младите од оваа земја. Врз основа на резултатите од истражувањето, ви ги претставуваме десетте компании за кои сонуваат младите Кинези.
1. Гугл (9%)
9% од младата популација во Кина сонува за работа во Гугл. Сепак оваа компанија има комплициран однос со Владата на Кина поради цензурирање содржини. Ова не ја поткопа репутацијата на интернет гигантот меѓу студентите.
2. Nanfang Media Group (8.9%)
Ова е медиумска компанија во Јужна Кина, под чија капа се голем број на списанија и весници, вклучувајќи ги и добро познати наслови „Southern Weekend“ и „Southern Metropolis Daily“. Медиумска компанија е исто така позната по либералните политики.
3. PROCTER & GAMBLE (8.5%)
Фирмата им нуди можности на кинески студенти . На веб-сајтовите има бизнис реклами за истражување и развојни позиции во Пекинг.
4. Епл (8,11%)
Епл го доживеа најголем пад на листата на повеќето компании оваа година, па и овде од прво место се најде на четвртото место. И Епл има многу комплициран однос со Комунистичката партија на Кина. Државните медиуми често отворено ја напаѓаат и оваа компанија. Сепак, и покрај фактот дека компанијата има само неколку продавници во Кина, има огромен углед меѓу младите луѓе.
5. Baidu (6.6%)
Оваа компанијата, чие седиште се наоѓа во Пекинг има 21.000 вработени и удел на пазарот од блиску 70%.
6. Банката на Кина (6%)
Специјалниот статус на оваа институција дава голема конкурентска предност. Оваа компанија е на листата на најпосакуваните работодавачи која напредуваше од осмо до шестото место.
7. Дизни (5.7%)
Компанијата во моментов го гради својот прв тематски парк во Шангај. Дизни вели дека ќе биде уникатен, бидејќи тоа ќе биде класичен замок украсени со работи што се карактеристични за културата на оваа земја.
8. Икеа (5.6%)
Икеа го шири своето присуство во Кина, заедно со тимот и има двоцифрен раст на продажбата. Сепак, репутацијата на компанијата меѓу учениците во Кина е малку избледениа, со оглед на то што минатата година беше во шестте најпосакувани компании.
9.Tencent (5.1%)
Компанијата е лидер во дигитална комуникација, водечки веб портал, онлајн игри, мобилни Чет софтвер и социјални мрежи. Tencent неодамна постигнаа договор да биде дистрибутер на Дизни.
10. LVMH (5.1%)
Францускиот трговец на луксузни стоки на мало, напредуваше на листата на најпосакуваните компании за дури пет места. Компанијата вклучува брендови како што се Луј Витон, Марк Џејкобс, Булгари и Диор. Не постои сомнеж дека кинеските потрошувачи ги сакаат овие луксузни производи и имаат раст во регионот за оваа индустрија, за разлика од Европа, која во овој поглед е во стагнација.
Слично
