Економија, финансии, бизнис

Контакт

10-те најголеми организирани грабежи

10-те најголеми организирани грабежи
Поголемиот дел од мажите барем еднаш во животот имале фантазија да извршат некоја спектакуларна кражба и од тоа да живеат цел живот. За среќа, голем број од нас имаат доволно разум за во такво нешто воопшто да не се впуштаат. Но, постојат и од оние кои поинаку размислуваат, или не размислиле што би се случило при неуспех. Еден критерум за да бидеш на оваа листа е да избегаш со парите, и барем малку да уживаш во "лесно" стекнатите пари.  Сите оние кои се фатени на самото место на кражбата, немаат место на овој список. Додека постојат пари, уметнички дела и непроценлив накит, можете да бидете сигурни дека ќе постои и некој којшто ќе сака нелегално да ги присвои. Еве ги 10-те најголеми кражби во историјата. Важен факт е тоа што во текот на овие кражби, ниту едно лице не било убиено. 10. Хари Винстон (2008 година - Париз, Франција, 108 милиони долари) Четворица маскирани разбојници влегле во златарата на Хари Винстон непосредно пред затворање. Тројца од нив носеле перики и биле облечени во женска облека. После земањето на сиот накит, разбојниците го натерале персоналот да го отворат магацинот, бидејќи пленот не им бил доволен. Ја испразниле продавницата без нитуеден куршум. 9. Антверпенски дијамантски центар (2003 - Белгија, преку 100 милиони долари) Дури 80% од сите несечени дијаманти на светот проаѓаат низ Антервпен, и крадците тоа го знаат. Градот видел многу грабежи, но овој грабеж се издвојува по вредноста на дијаманти кои се украдени но и по начинот на којшто е изведен. Пленот бил толку голем што крадците буквално не можеле да го понесат со себе, но сепак успеале да испразнат 123 од 189 кутии со драгоцени камења. Самата кражба била планирана со години, а најмалку четворица биле вклучени во неа. Крадците во истата зграда изнајмиле канцеларии три години претходно,каде што 30 годишниот Леонардо се претставувал како трговец на дијаманти, за да стекне кредибилитет и доверба. За време на грабежот, тој ставил лажни ленти во сигурносните камери, за да го прикрие неговото движење во зградата. Самиот трезор е заштитен со 10 нивоа на заштита, вклучувајќи и инфрацрвени сензор, долер радари, магнетни полиња, сеизмички сензори и брави со преку 100 милиони комбинации. Грабежот е наречен грабеж на векот, а дури ни денес, полицијата не може со сигурност да каже како е изведена. Камењата со вредност од преку 100 милиони долари никогаш не се пронајдени. 8. Кражба на Калифорниските банки (1972 - Америка:30 милиони долари) Иако 30 милиони долари делуваат малку во однос на другите кражби на оваа листа, мора да се земе во предвид дека тоа се случувало во далечната 1972 година и дека тој износ префрлен во денешната валута изнесува преку 100 милиони долари. Во тоа време, тоа била рекордна сума на украдени пари. Група од 7 луѓе од Охајо,на чело со Амил Динсио, влегле во филијалата на Банката Калифорнија во Лагуна Нигел и го ограбиле главниот трезор. Поради природата на безбедните сефови и непријавувањето на нивните содржини, можело само приближно да се одреди сумата.Групата подоцна била уапсена од страна на ФБИ. 7. Кражба на аеродромот Шипол (2005 - Амстердам: околу 118 милиони долари) Ова е најголемата кражба на дијаманти во историјата. Проценето е дека се украдени 118 милиони долари, поголемиот дел од дијамантите се несечени и тешко е да се процени вредноста. Додека поголемиот дел од кражбите на оваа листа се вешто испланиран и така направени, оваа кражба е класична: влези-укради-побегни. 2 недели пред кражбата 4 мажи украле KLM камион како и KLM униформи за да го оттргнат сомневањето до последен момент и слободно да можат да влезат во забранетата зона на аеродромот. KLM е инаку главна холандска авио компанија. На 25 февруари крадците влегле во аеродромот, веднаш до другиот камион кој бил натоварен и спремен за превоз на дијамантите до Антверпен. На очите на голем број сведоци,крадците едноставно впериле пиштол кон возачот и го украле камионот. Поради фактот што крадците знаеле точно во кој камион се дијамантите, полицијата се сомнева дека во грабежот е вмешан некој од управата на аеродромот. 6. Британска банка на Блискиот исток (1976 - Бејрут, Либан:25 милиони фунти) Во 1970 година дојде до пад на терористичките групи PLO на чело со Јасер Арафат, чијашто цел била да му даде дом на палестинскиот народ. Либан беше сред граѓанска војна, и сред тој хаос, група на крадци поврзани со PLO провалиле во 10-ина банки од кои најголема била Британската банка на Блискиот исток. Групата излегла од банката со фантастични 25 милиони фунти во злато, накит и акции, што е околу 100 милиони долари кога би се пресметало во денешен износ. Групата го искршила ѕидот кој банката го делела со католичка црква. Со помош на корзикански бравари, крадците го отвориле сефот и ја празнеле банката неверојатни два дена! Некои од акциите подоцна се продадени на законските сопственици. 5. Најтбриџски безбедносен депозит (1987 - Велика Британија: околу 60 милиони фунти) Валерио Вицеи емигрирал од Италија во Велика Британија во 1986 година, кадешто бил баран за повеќе од 50 вооружани грабежи. Кога пристигнал на островот, одлучил да продолжи со работата која ја започнал во Италија. Со својата група влегол во Најтбриџскиот безбедносен депозит и барал да изнајми сеф. Откако влегле во сефот, таму ги заклучиле менаџерот и стражарите. Валерио на вратата закачил натпис дека депозитот е привремено затворени дека никој не може да влегува, со цел никој да не се посомнева. Потоа бандата ги ограбила сефовите и однела повеќе од 60 милиони фунти, што по денешна проценка претставува неверојатни 174 милиони долари! Стражарите успеале после саат време да ја известат полицијата што на групата и дало доволно време да побегнат од депозитот. Валерио избегал во Латинска Америка, додека неговите соучесници се упасени. Но, направил лудост и се вратил во  Британија за да го земе своето Ферари, и нормално, таму го уапсиле. Осуден е на 22 години затвор. Човек би се запрашал, доколку има 174 милиони, не е попаметно да купи ново Ферари наместо да заврши во затвор? Убиен е во 2000 година, на денот на неговото ослободување од затворот, за време на огнена престелка со полицијата. 4. Грабеж на Багдадската банка (2007 година - Багдад, Ирак: 282 милиони долари) Вработените во банката Дар ер Салам биле во шок кога едно утро отишле на работа и забележале отклучена врата и отворен сеф во којшто немало ни трага од парите. Се верува дека три стражари однеле 282 милиони долари во оваа огромна кражба. Тоа се повеќе пари од цела економија на една помала држава. Останува нејасно зошто банката во својот сеф имала толку пари и тоа сите во американска валута. Се сомнева дека стражарите имале помош од полицијата за да ги избегнат контролните пунктови ширум Багдад. Би изгледало сомнително кога во околината би се возеле со 282 милиони долари, нели? Никој од крадците не е уапсен, ниту парите некогаш се вратени. Грабежот добил изненадувачки мало медиумско внимание. 3. Бостонскиот музеј (1990 - Бостон, Америка: 300 милиони долари) Број три на оваа листа е најголемата кражба на уметнички предмети во иторијата. Двајца облечени како полицајци, убедиле два неискусни чувари дека биле повикани од зградата. Спротивно од политиката на музејот, чуварите ја пуштиле "полицијата" во просториите на музјот, и брзо ја увиделе нивната грешка, бидејќи "полицајците" ги врзале со лисици во подрумот. Неверојатно, но двајцата мажи направиле кражба без нитуеден доказ дека носеле оружје. Следните 82 минути, тие внимателно избрале 12 уметнички дела кои имале вредност преку 300 милиони долари, и тоа пред 20 години. Двајцата крадци ја зеле сигурносната лента од камерата и исчезнале без трага. Се до 1994 година кога на полицијата и пристигнува писмо дека сликите ќе ги вратат за 2.6 милиони долари и имунитет од кривично гонење. НО, оној којшто ја пишувал понудата никогаш повеќе не се јавил. Од случајот може да се заклучи дека кражбата била направена од аматери, бидејќи ни најмалку не се потрудиле да избегнат оштетување на делата, а исто така, многу скапи дела ги оставиле недопрени. Случајот никогаш не е решен,а полицијата нуди 5 милиони долари како награда за било каква информација за украдениет дела. 2. Грабеж на Градските обврзници (1990 - Лондон: 292 милиони фунти) Џон Годард бил 58 годишен портпарол на брокерската куќа Separds кога напаѓачите го нападнале на улица и му ја зеле актовката додека мирно се шетал низ Лондон. Но, во актовката се наоѓале обврзници со вкупна вредност од 292 милиони фунти. Годард ги носел во Националната банка на Англија. Поради природата на обврзниците кои гласат на одлучувачите, секој кој ги поседува, се смета за сопственик. Во актовката имало околу 300, на отприлика милион фунти за секоја. Кејт Кесман е обвинет поради поврзаност со грабежот и заработил 6 и пол години затвор. За кражба на актовката се обвинет и Патрик Томас, но, тој завршил со куршум во главата пред да започне судењето. Сите освен две обврзници се пронајдени од страна на ФБИ и вратени. Изненадувачки е тоа што втората најголема кражба на светот е направена од страна на ситен криминалец. 1. Централната банка на Ирак (2003 година -Багдад, Ирак: 1 милјарда долари) Некои кражби сакаат внимателно планирање. Другите се само чиста сила. Но, најголемата кражба во историјата била едноставна и ефикасна. Садам Хусеин го сметал Ирак како негов стан, па не е ни чудно што ја сметал Централната Банка на Ирак како своја банкарска сметка. Ден пред коалиционите сили да започнат да го бомбардираат Ирак, Садам му наредил на неговиот син Кусај да направи преместување на парите од банката. Кусај го надгледувал транспортот на кутиите со пари и тоа само со банкноти од 100 американски долари. Операцијата траела повеќе од 5 часа, а вкупниот износ кој бил изнесен од банката ја надминува цифрата од 1 милијарда долари. Но, ова не траело долго бидејќи тој е фатен, а неговиот син е убиен од страна на американските сили. Вкупно се пронајдени околу 650 милиони долари во ѕидините на неговата палата,но останатите 350 милиони долари не се пронајдени и се сметаат за загубени.
Слично

Поврзани вести