Економија, финансии, бизнис

Контакт

10 проценти од европските рафинерии наскоро ќе бидат затворени

10 проценти од европските рафинерии наскоро ќе бидат затворени

Во текот на оваа деценија преработувачите на нафта во Европа ќе затворат 10 отсто од рафинериите, бидејќи побарувачката на гориво го достигна минимумот во последните 19 години. Од вкупно 104 постројки, десет ќе бидат засекогаш затворени до 2020 година, и тоа од Франција преку Италија до Чешка, покажува анкетата на агенцијата Блумберг, во која учествувале шест директори на европски рафинерии.

Според Меѓународната агенција за енергетика, потрошувачката на нафта се намалува петта година по ред и го достигна најниското ниво од 1994 година. Две третини од европските рафинерии забележале загуби во 2011 година, покажуваат податоците на „Есал Енерџи Плц“, сопственик на втората по големина британска рафинерија.

Преработувачките маржи се намалиле овој месец на само седум долари, додека во 2008 година изнесувале за еден барел околу 20 долари.

Слично

Поврзани вести