10 илјади евра поради дискриминација на патничка
Француската авиокомпанија „Ер Франс“ треба да плати парична казна од 10 илјади евра поради дискриминација на една патничка, пропалестинска активистка, која била исфрлена од авионот за Тел Авив поради што не била Еврејка.
Освен казната од 10 илјади евра, авиокомпанијата треба да и исплати и отштета на патничката, како и адвокатските трошоци во висина од 3.000 евра.
Ориа Анкур, 30-годишна ученичка на училиштето за медицински сестри сакала да патува во Израел на 15 април 2012 година за да учествува во акцијата „Добродојдовте во Палестина“. Додека авионот се подготвувал да полета од аеродромот во Ница, еден од вработените во „Ер Франс“ ја прашал Анкур дали има израелски пасош, а бидејќи не поседувала ваков пасош таа била отстранета од авионот.
