Економија, финансии, бизнис

Контакт

10 ДЕЦА ЗАГИНАА ПО ПРЕВРТУВАЊЕ НА БРОД - во Пакистан во две несреќи загинаа над 50 жители

10 ДЕЦА ЗАГИНАА ПО ПРЕВРТУВАЊЕ НА БРОД - во Пакистан во две несреќи загинаа над 50 жители

Десет деца загинаа, а седум се повредени при превртување на чамец на езеро во северен Пакистан во неделата, соопшти полицијата.

Бродот превезувал 25 до 30 студенти кога се превртел на браната Танда Кохат, езеро во провинцијата Хајбер Пахтунхва. Спасувачките операции продолжуваат, соопшти полицијата.

И покрај тоа што во земјата често се случуваат масовни давења, поради преоптоварените, дотраени пловни објекти кои се превртуваат во нејзините води, многу луѓе во Пакистан не можат да пливаат.

Жените се особено ранливи во овие ситуации бидејќи тие обично носат облека со целосна покриеност, што ги тежи во водата, а конзервативната култура ги обесхрабрува да научат да пливаат, јавува Си-Ен-Ен.

Да биде трагедијата поголеми, во Пакистан се случи уште една несреќа во која има голем број жртви. 

Како што јавуваат медиумите, во автобуска несреќа во јужен Пакистан загинаа 41 лица.

Најмалку 50 лице загинаа во две одделни сообраќајни несреќи во западен Пакистан во неделата, кога автобус падна од мост и одделно се преврте чамец во кој имало деца.

Засега е потврдено дека 41 лице загинаа кога автобус падна од мост во југозападен Пакистан, а потоа се запали, изјави владин претставник.

Високиот функционер во областа Лазбела во провинцијата Балучистан, Хамза Анџум, рече дека тројца биле спасени, а се претпоставува дека автобусот превезувал 48 патници.

Автобусот удрил во столб на мостот и излетал од курсот.

Лошите автопатишта, слабите безбедносни мерки и несовесното возење придонесуваат за мала безбедност на патиштата во Пакистан.

Фото: EPA-EFE/BASIT GILANI 

Слично

Поврзани вести