Економија, финансии, бизнис

Контакт

10,9 милиони лица достигнал бројот на имигрантите во Германија

10,9 милиони лица достигнал бројот на имигрантите во Германија

Бројот на имигранти кои живеат во Германија, минатата година достигнал 10,9 милиони лица.

Тоа е еден милион повеќе отколку пред три години, соопштила националната статистичка служба.

Ова е највисоко ниво на имиграција од 2005 година, кога германските власти започнаа да ги собираат и анализираат овие податоци.

Според статистичката служба вкупниот број лица со имигрантско потекло во Германија во 2014 година достигна 16,4 милиони лица или околу 3% повеќе во споредба со претходната година. Тоа изнесува малку над една петтина од 82-милионското германско население. Повеќе од половина од нив се со германски пасош.

Податоците покажуваат дека од 2011 година во Германија пристигнале 620 000 имигранти од ЕУ - главно Полјаци, Романци, Италијанци, Бугари и Унгарци, а доста е зголемен и бројот на Кинезите, Сиријците и Индијанците.

Слично

Поврзани вести