1% од населението контролира 39% од светското богатство!
Најбогатите 1% од населението веќе контролираат 39% од светското богатство, а овој јаз веројатно ќе се зголеми во текот на следната година, според извештајот објавен во од „Бостон консалтинг груп“.
Општото богатство на населението е зголемено за 7,8% на 135 трилиони долари. Најбогатите 1% контролираат 52,8 трилиони долари од него, а оние кои имаат барем 5 милиони долари или повеќе, контролираат близу една четвртина од светското богатство.
Оваа концентрација веројатно ќе се зголеми во текот на следната година, според тоа што сметките на богатите се зголемуваат во брзо темпо.
Бројот на милионери е светот скокна за 10% во минатата година, достигнувајќи 13.8 милиони, покажа извештајот.
Причините за зголемување на салдото на богатите се различни во различни земји. Во развиените како САД и Европа влијаат примарните акции. На пазарите во развој порастот на богатството зависи од економските специфичности.
Слично
