1.000 евра казна за дрон над Париз
Новинарот на „Ал Џезира“ Тристан Редмен ќе плати казна од 1.000 евра за беспилотните летала кој лета над Париз и ги уплаши многу луѓе, пренесува „АBC News“.
Потсетуваме дека тој, заедно со двајца негови колеги од медиумот, уапсени се минатата недела и се соочуваат со пресуда од една година затвор и парична казна до 75 000 евра. Од телевизијата се оправдаат дека новинарите ги користеле дроновите за снимање на својот филм.
Дроновите беа забележани дека прелетуваат неколку ноќи по ред и беа пресретнати во близина на американската амбасада, не далеку од воениот музеј и Домот на инвалидите, Ајфеловата кула и неколку други големи објекти.
Француските закони не дозволуваат мали цивили дронови да прелетуваат над нуклеарни објекти, бидејќи има забранета зона за летови во радиус од 2,5 километри и на височина од 1000 метри.
