Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Јужна Африка е детектиран нов сој на коронавирусот

Во Јужна Африка е детектиран нов сој на коронавирусот

Се појави уште еден сој на ковид - 19. Во Јужна Африка е откриен нов сој на коронавирусот. 

Научниците велат дека истиот мутирал повеќе од сите досегашни соеви. Тој е пронајден и во неколку други земји, и првите информации покажуваат загрижувачки податоци, бидејќи може да биде позаразен од другите и отпорен на вакцини. Ова го покажа новата студија на Јужноафриканскиот институт за инфективни болести. Научниците додаваат дека се потребни дополнителни анализи за да се дознае точното влијание на мутациите и да се утврди дали сојот има некаква поврзаност или предност во однос на делта сојот.

Делта сојот доминира во Европа, и кај нас. Тој брзо се шири и е позаразен од другите соеви. Вирусот досега има над 10 мутации. 

foto unsplash.com

Слично

Поврзани вести