Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) „Ѕверот од Истокот“ однесе 24 жртви и ги испразни продавниците

(ВИДЕО) „Ѕверот од Истокот“ однесе 24 жртви и ги испразни продавниците

Студените бранови и снежни врнежи го нарушија патниот и воздушниот сообраќај низ Велика Британија, а ирските медиуми објавија дека речиси сите количини леб, млеко и компири се продадени. Жителите во исчекување  на бурата "Ема".

Температурата падна на минус 12 Целзиусови степени, а од Ројтерс истакнуваат дека ова е еден од најстудените денови за ова време од годината во последните три децении.



Стотици училишта се затворени, јавниот превоз едвај функционира, откажани се стотици летови, а исто така и од железниците ги предупредија патниците за можните доцнења на возовите и одложувања.

Ирските портали објавија дека во супермаркетите веќе има недостиг за леб, млеко и компири.


Во Ирска, беше објавено највисокото црвено предупредување за пет области во источниот дел, вклучувајќи го и Даблин, каде што во текот на ноќта наврнале 10 сантиметри снег.

Метеоролозите во Шкотска објавуваат дека се очекува до 40 сантиметри во повисоките делови на Шкотска.

Во западниот дел на Англија се очекува и бурата “Ема“ од Португалија и Франција која ќе донесе уште поголем снег.



Од Балтикот до Медитеранот, Европа e на удар од ледениот бран од Сибир, во кој за четири дена се регистрирани најмалку 24 жртви. Жртви има во Полска, Франција, Чешка, Романија, Италија и Естонија.

Студениот бран, кој британските медиуми го нарекоа „Ѕверот од Истокот“, Холанѓаните – „Сибирска мечка“, Швеѓаните – „Снежен топ“, а во Франција е познат под називот „Москва-Париз“, најмногу го загрозува здравјето на најранливите категории жители, пред се бездомниците и постарите лица, но го попречува и сообраќајот.

Од петокот поради студот починале најмалку 24 лица, од кои девет во Полска, четири лица во Франција, петмина во Литванија, тројца бездомници во Чешка, двајца во Романија, од кои 83-годишна жена е најдена на улица покриена со снег, и еден бездомник во Италија, додека во Естонија студот однесе седум животи од почетокот на февруари.

Слично

Поврзани вести