ПРВА САТЕЛИТСКА СНИМКА ОД ФОРДО: Трамп: „Фордо повеќе го нема, целиот товар е фрлен“
Американските сили денес извршија напад врз три ирански нуклеарни објекти во она што беше опишано како „многу успешна операција“, рече Доналд Трамп, додавајќи дека објектот Фордо, кој го нарече „скапоцен камен во круната“ на нуклеарната програма на Иран, повеќе не постои.
Шест бомби што уништуваат бункери беа фрлени врз Фордо, додека 30 ракети Томахавк беа испукани врз други објекти, изјави Трамп за Фокс њуз.
„Целиот товар бомби беше фрлен врз главната цел, Фордо“, напиша Трамп на мрежата Truth Social, со порака дека „Фордо повеќе го нема“.
Од друга страна, ирански владин претставник изјави за агенцијата Фарс дека нуклеарниот објект Фордо не претрпел сериозна штета, нагласувајќи дека биле погодени само површинските делови од објектот што лесно можеле да се обноват, пренесува Ројтерс.
Фото:ТвитерFRESH IMAGES OF FORDOW
— Global Peace Advocates (@RealKON_) June 22, 2025
Fordow at this moment, bomb craters clearly visible. pic.twitter.com/JY46aD7XYF
