Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕД ДА ВЛЕЗАТ СИТЕ ЌЕ СЕ ТЕСТИРААТ: “Covid-Free” возови од април ќе сообраќаат во Италија

ПРЕД ДА ВЛЕЗАТ СИТЕ ЌЕ СЕ ТЕСТИРААТ: “Covid-Free” возови од април ќе сообраќаат во Италија

Италија воведува “Covid-Free” возови. 

Италијанските железници објавија нова идеја за возови „слободни од коронавирусот“ кои би требало ова лето да сообраќаат до главните италијански туристички дестинации. Патниците и вработените ќе мора да се тестираат пред да влезат во возот. Патниците ќе мора да дојдат еден час порано пред тргнувањето на возот. Овие возови ќе сообраќаат од април. 

„Првата рута од тест фазата ќе биде од Рим до Милано, а потоа ќе ги воведеме туристичките дестинации во текот на летото. Тоа ќе биде единствена прилика која ќе им овозможи на патниците да посетат дестинации како Венеција или Фиренца“, изјави Џанфранко Батисти и додаде дека на идејата работат заедно со Црвениот крст и италијанскиот Штаб за цивилна заштита.

Италијанскиот премиер Марио Драги изјави дека поради наглиот пораст на новозаразени лица со коронавирус во Италија, потребна е максимална претпазливост. Земјата ја зафати трет бран на коронавирус. За Велигден Италија ќе биде затворена. 

Слично

Поврзани вести