Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мистерија: Пронајдени 11 тела, започната итна истрага

Мистерија: Пронајдени 11 тела, започната итна истрага

Според наводите на новинската агенција  АП, полицијата во Њу Делхи пронашла тела на 11 лица, а причините за смртта се се уште непознати.

Телата биле пронајдени како висат на кров од куќа со врзани очи. Седум од нив биле жени, четири мажи, а меѓу нив имало и два малолетника.

На телата не биле пронајдени знаци на мачење, ниту пак било каква порака, па сега се истражува дали станува збор за убиство или самоубиство, бидејќи најголем дел од лицата припаѓале на едно исто семејство.

Истрагата е во тек.

Слично

Поврзани вести