Коронавирусот повторно се појавува кај излекувани пациенти?
Расте бројот на излекувани пациенти со коронавирус во Кина и на други места кои се тестираат и добиваат позитивни резулати по закрепнувањето, понекогаш и неколку недели откако ќе им биде дозволено да ја напуштат болницата, што може да ја отежни епидемијата, пишува Ројтерс.
Во средата, префектурната влада во Осака во Јапонија соопшти дека една жена што работи како водич за тур-автобуси, веќе вторпат се тестирала и е позитивна за коронавирусот. Ова уследи по извештаите во Кина дека излекувани пациенти ширум земјата биле тестирани и позитивни по нивното напуштање на болницата.
На 21 февруари, еден излекуван пациент во југозападниот кинески град Ченгду по 10 дена откако беше отпуштен, се покажа како позитивен.
Слично
