Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАКВИ СОМНЕЖИ СЕ ПОЈАВИЈА: Критичар на Путин пронајден мртов

КАКВИ СОМНЕЖИ СЕ ПОЈАВИЈА: Критичар на Путин пронајден мртов

Николај Глушков, кој имал азил во Велика Британија, е пронајден мртов во својот дом во Лондон, пишуваат тамошните медиуми. Неговото безживотно тело е пронајдено минатата ноќ од страна на семејството и пријателите, јавува „Гардијан“. Причината за смртта на 68-годишниот човек засега не е позната. Еден од неговите пријатели, новинарот Дамиан Кудријавчев, ја објави веста на својот Фејсбук-профил.

Се води истрага која ќе даде многу одговори. Според полицијата, досега нема докази кои укажуваат на поврзаност со обидот за убиство на поранешниот руско-британски двоен агент, Сергеј Скрипал, во Салисбјури. 

Глушков бил соработник на рускиот тајкун Борис Березовски, кој беше пронајден мртов во 2013, а важеше за ривал на рускиот претседател, Владимир Путин. И покрај сомнежите во врска со неговата смрт, полицијата на крајот, сепак, заклучи дека станува збор за самоубиство. Березовски беше пронајден мртов во март 2013 година со шал завиткан околу неговиот врат во бања во луксузна вила во Аскот, богат англискиот град во близина на замокот Виндзор, западно од Лондон. Шеесет и шестгодишниот тајкун беше еден од најмоќните Руси по падот на Советскиот Сојуз. Многумина го нарекувале „Кремаљски кум“, но во 2000 година побегнал во Лондон по расправија со актуелниот руски претседател, Владимир Путин.

Глушков работел за руската авиокомпанија „Аерофлот“ и за производителот на автомобили „Лого ВАЗ“ во сопственост на Березовски. Во 1999 година, кога Березовски и Путин политички се разишле поради обвинението од рускиот олигарх на сметка на идниот руски претседател, Глушков бил обвинет за перење пари и злоупотреба. Тој бил осуден, а по пет години ослободен од затвор. Глушков добил политички азил во Велика Британија, кој го побарал поради страв да не биде повторно затворен. Во 2011 година тој сведочеше во тужбата поднесена од Березовски против друг познат руски олигарх, Роман Абрамович, кој остана во добри односи со Путин.

Слично

Поврзани вести