Исламска држава ја презеде одговорноста за истреланите 6 проектили кон аеродромот во Кабул
Организацијата Исламска држава тврди дека истрелала 6 проектили кон аеродромот во Кабул, во Авганистан.
ИД ја презеде одговорноста за денешното испукување гранати кон аеродромот. Каналот на организацијата на Телеграм Нашер њуз објави дека во нападот се испукани шест ракети Каќуша. Американските претставници изјавија дека противракетниот систем пресретнал најмалку пет проектили. Претходно, Исламска држава ја презеде одговорноста и за минатонеделните самоубиствени бомбашки напади на аеродромот во Кабул, во кои загинаа повеќе од 100 луѓе, меѓу кои 13 американски војници.
Вчера САД со дрон интервенираа за да спречат, како што се нагласува, напад на аеродромот. Германија изрази загриженост дека Авганистан може да стане жариште на тероризмот. Од 15 месецов, и Кабул е во рацете на Талибанците.
Фото: Скриншот, БиБиСи
