Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Форбс“ ја избра најмоќната жена во светот за 2017 година

„Форбс“ ја избра најмоќната жена во светот за 2017 година

Списанието „Форбс“ објави која е најмоќната жена во светот. 

Германската канцеларка Ангела Меркел седма година по ред е прогласена за највлијателна жена според калсификацијата на списанието „Форбс“, што беше објавена денеска.

На второ место е британската премиерка Тереза Меј. Минатата година второто место го освои поранешната државна секретарка на САД,  Хилари Клинтон.

На трето место е Мелинда Гејтс, сопругата на основачот на компанијата „Мајкрософт“ Бил Гејтс.

Во топ 10 највлијателни жени во светот за 2017 година се наведени: Шерил Сандборг, извршната директорка на Фејсбук, шефицата на компанијата „Џенерал моторс“ Мери Бара, Сузан Војчички - извршната директорка на Јутјуб, Абигејл Џонсон - шефицата на инвестициската компанија „Фиделити инвестмент“, Кристин Лагард, шефицата на Меѓународниот валутен фонд, Ана Патрисија Ботин - шефицата на холдингот „Сантандер груп“, и Џини Ромети - шефицата на Ај-Би-Ем. 

Слично

Поврзани вести