Економија, финансии, бизнис

Контакт

ZTE доаѓа во Македонија

ZTE доаѓа во Македонија
Договор за дистрибуција на смартфоните на „ZTE“ потпишаа компаниите „ASBISc Enterprises PLC“и „ZTE“. Според договорот смартфоните ќе се дистрибуираат во осум земји: Македонија, Србија, Полска, Романија, БиХ, Бугарија, Хрватска и Словенија. Директната продажба ќе се врши преку продажните места на „ASBIS“ ќе започне со „Blade V“, „G“ и „Blade Grand S Flex“, а овие модели ќе бидат достапни во последниот квартал од оваа година. Крис Едвард,директорот за маркетинг и развој за Европскиот пазар на „ZTE Corporation“ смета дека  „„ZTE“ е еден од најпопуларните производители на мобилни телефони во Источна Европа со моделите „ZTE Grand“, „Blade“ и „Kis“, кои се достапни во целиот регион.  И додава дека  со ова партнерство „ZTE“ се обврзува на своите купувачи да им испорача уреди со висок квалитет и пристапни цени“. „ZTE“ секторот за мобилни уреди е само една од дивизиите на компанијата „ZTE“, која се занимава со глобална телекомуникациска опрема, мрежи и мобилни уреди, а е со седиште во Шенџен во Кина.  
Слично

Поврзани вести