Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто витамин Д?

Зошто витамин Д?

Витамин Д е неопходен за превенција на тумор и срцево васкуларни болести, остеопороза, склероза и дијабетес од типот 1, а според најновите истражувања помага и во спречување на грип и бројни вируси.

Но статистиките покажуваат дека дури 70% од Европејците страдаат од недостаток на витамин Д. Тој витамин дејствува во голем број биолошки процеси во организмот, го внесуваме со дел од храната, а голем дел произведува и нашиот организам, по пат на кожата во текот на изложеност на сонце.

Оптималната количина на витаминот Д во организмот, односно поточно неговиот метаболитет од 25 хидроксивитамин Д, се движи од 75 до 150 нмол/л.

За жал, дури 90 % од жените во менопаузата, токму во периодот од животот кога тој витамин и тоа како е потребен за заштита на сврстината на коските, страдаат од недостаток на витамин Д.

Астма и витамин Д

Децата кои боледуваат од астма и се лекуваат од бронходилататори на база на кортикостероиди лесно развиваат хроничен облик на астма. Бројни истражувања поврзуваат таква реакција на терапија со недостаток на витамин Д. Препорачаната количина на витамин Д ги подобрува функциите на белите дробови и го подобрува одговорот на терапијата. Во децата имено многу често има недостаток на витамин Д а посебно тоа е слулај со дебелите деца.

Слично

Поврзани вести