Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто се почесто паѓаат авиони?

Зошто се почесто паѓаат авиони?

Во последно време сведоци сме на многу авионски несреќи, со голем број на жртви, а за некои авиони и понатаму безуспешно се трага. Што е причината за тоа, дали времето или сепак некои други фактори?

Авионот на „Ер Азија“ пријавил дека минува низ голема бура со облаци пред да исчезне, а извештаите укажуваат на тоа дека капетанот барал дозвола авионот да го подигне над тие облаци.

Според Глорија Кулеси од Федералната управа на воздухопловства, времето е примарен фактор во 23 одсто од сите воздухопловни несреќи ширум светот.

Кога и да се случи некој авион да се изгуби или урне, почнуваат шпекулации колкав дел во тоа имаат временските услови.

На пример, иако уште не е точно востановено, зошто авионот на „Ер Алжир“ со 118 лица се урна во јули, во Сахара, постоеја извештаи дека летот AH5017, се сретнал со лошо време.

Но многу ретко е дека само временските услови ги предизвикуваат паѓањата на авионите, велат експерти.

Наместо тоа, најважна е работата на пилотите и екипажот кој одредуваат дали инцидентот ќе заврши како фатала несреќа, објаснува Силвија Вригли, автор на книгата Зошто авионите паѓаат?.

„Не можам да се сетам на ниту една несреќа во која времето е единствена причина за пад на авион. Но, секако, лошите временски услови можат да го зголемат ризикот да не се случи непто“, додава Силвија.

Многу силните и моќни бури можат сериозно да ги оштетат крилјата на малите авиони, но пилотите и контролорите на летот можат тоа да го избегнат. Целта на екипажот е да лета најмалку 16 километри низ најлошата бура. Радарот кој се монтира на носот на авионот, овозможува бурата и останатите временски непогоди полесно да ги откриваат и со самото тоа да ги избегнат.

Дали времето било главен виновник - е испитувано и во случајот кога авионот на „Ер Франс“ се изгубил во Атлантикот во 2009 година. Истражувачите откриле дека пилотите и екипажот не биле доволно обучени да се изборат со толку силни турбуленции кои го снајделе тој авион.

Создавање лед на крилата или опашката, исто така може да предизвика пад на авионот, но пилотите се обучени тоа да го надминат. Покрај тоа, крилата се опремени со „статички фитили“ кои го штитат авионот од удари. Се проценува дека секој авион барем еднаш годишно страда од удари на гром.

Од Меѓународната организација цивилното воздухопловство  (ICAO) велат дека причина за повеќе од половината на секоја авионска несреќа помеѓу 2006 и 2011 година била недоволна безбедност на пистата.

Слично

Поврзани вести