Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто од кафето ви се оди во тоалет?

Зошто од кафето ви се оди во тоалет?

Докажано е дека кофеинот во кафето го стимулира мозокот, меѓутоа нешто во шолјата кафе не стимулира нас да идеме во тоалет, пишува LiveScience.

Кафето, покрај тоа што е одличен диуретик, помага на исфрлањето на вода од организмот, некој вид на лаксатив, бидејќи поттикнува на исфрлање на столица.

Иако е приличен бројот на студии кој се обидел да го објасни ефектот на шолја кафе врз нашите црева, научниците допрва треба да утврдат што е тоа во врска со овој пијалок што не тера во тоалет.

Студјата објавена во 1990 година во Журналот на гастроентерологија потврдила дека кафето стимулира „гастроколонски одговор“, кај некои индивидуи само неколку минути откако го испијат овој пијалок.

Иако научниците не можат да тврдат за што се работи, хипотезата е дека кафете некако влијае на епителното ткиво и во тенкото црево.

Кафето го ослободува гастринот, хормон кој се произведува внатре во стомакот и кој ја забрзува активноста во дебелото црево. Со оглед на тоа дека оваа област е најблиска до ректумот, истражувачи заклучиле дека зголемената активност би можела да биде одговорна за ефект на лаксатив.

И додека едни експерти веруваат дека токму кофеинот во кафето предизвикува зголемена активност во дебелото црево, споменатата студија потврди дека луѓето кои пијат кафе без кофеин исто така имаат ист ефект.

Значи, нешто има и во кафето, а не само во кофеинот.

Слично

Поврзани вести