Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто новите уреди од Galaxy линијата на Samsung го освојуваат светот?

Зошто новите уреди од Galaxy линијата на Samsung го освојуваат светот?

Во светот на мобилните телефони очекувањата од Samsung секогаш се „до плафон“. И тоа е оправдано, имајќи предвид сите иновативни технологии кои ги користат во сите свои производи, беспрекорниот дизајн и перформаси за кои неретко се вели дека се пред времето. Ако се прашувате што најново од Samsung, тогаш тоа е последната линија на Galaxy уредите претставена пред неполни 2 месеци која несомнено го освојува светот и веќе ги руши претходните рекорди во продажбата на оваа компанија. Кои се новите Galaxy уреди?

Galaxy Z Flip5: Убавина, практичност и пратење на трендови во едно!

Новиот Galaxy Z Flip5  на прва ги плени своите клиенти со ултимативниот кул изглед, беспрекорен дизајн и елеганција на уредот, особено припадничките на понежниот пол, како и младата популација од Џен Зи.  Кога е затворен Galaxy Z Flip5 нуди повеќе можности од кога било досега.Мал e како компактно огледало и совршено легнува во вашата дланка, што го прави искучително лесен за носење и вметнување во секој џеб или ташна.Љубовта кон малите ташнички сега може да се оствари и да ги прати модните треднови, бидејќи овој уред ќе застане и во најмалите од нив секој пат кога треба да изгледате свечено или елегантно. Новиотнадворешен екранFlex Window е драстично поголем од својот претходник и изнесува 3,4 инчи во целосна правоаголна форма. Токму поради фактот дека она е најголемиот надворешен екран досега на Самсунг флип телефоните, на него брзо и лесно се пристапува до сите важни информации. Без да треба да го отворате уредот, можете да ја прегледате и историјата на повици за да враќате пропуштени повици и да одговарате на пораки во движење, користејќи QuickReply со целосна QWERTY тастатура.


Најразновидното искуство со камератаGalaxy Z Flip5 ги изненади дури и младите. Висококвалитетни селфи фотографии со помош на задната камера, снимање импресивни фотографии без раце и од креативни агли со FlexCam, Super Steady стабилизацијата на камерата со која ќе добивате непречени снимки и слики во движење, се само дел од што овој уред може. Ноќните снимки и фотографии ќе ви бидат просто совршени бидејќи тука се извонредните подобрени можности соNightography.

GalaxyZFold5: Замислете, таблетот или лаптопот во вашиот џеб!

Новиот, поголем телефон на преклоп Galaxy Z Fold5 кога ќе го отворите, тој станува уред кој во целост ќе го замени вашиот таблет, а во одредени ситуации и вашиот лаптоп. Моќта на извонредниот, голем екран со елегантен дизајн ќе ви  понуди неспоредлива леснотија при носењето на овој уред со тежина од само 253 грама и дебелина на телефонот од 13,4 мм. Главниот екран од 7,6 инчи на Galaxy Z Fold5 е заслужен за револуционерното искуство за мултитаскинг на мобилен телефон и широк опсег на подобрени функции со кои на лесен и едноставен начин ќе можете да извршувате повеќе задачи и да пренесувате содржини помеѓу повеќе апликации. Дополнително, потенкиот и покомпактен дизајн на S Pen Fold Edition ќе ви овозможи да ја ослободите својата креативност во секое време, на кое било место. Кога и да имате нова идеја, инспирација или решение за одреден проблем, веднаш можете со S Pen пенкалото да ги впишете на екранот на  Galaxy Z Fold5, чија големина повторно нема да ја ограничува вашата имагинација.


Но, не е Galaxy Z Fold5 само полн погодок за сите професионалци, туку е рај и за гејмерите и сите оние љубители на добри фимови и серии. Гејмерите особено ќе уживаат, бидејќи мобилната платформа ја подобрува графиката и користи вештачка интелигенција за да овозможи динамична игра и multi-game функционалност. А главниот екран од 7,6 инчи ќе ви овозможи простран и непрекинат приказ за да уживате во своите омилени филмови или серии, видеа или игри.

GalaxyWatch 6 серијата паметни часовници мислат на вашето здравје и во денот и во ноќта

 Паметниот часовник Galaxy Watch6 или Galaxy Watch6 Classic доаѓаат со уште подобрени функции ориентирани кон вашето здравје. Ги следат вашите циклуси на спиење во текот на ноќта, а штом се разбудите, на вашиот зглоб ќе видите податоци за тоа колку минути сте биле будни пред да заспиете, потоа времетраењето на вашата РЕМ фаза од претходната ноќ, како и времетрањето на лесниот и длабокиот сон. Функцијата за управување со спиењето на Galaxy Watch6 го анализира квалитетот на вашиот сон, го споредува вашиот тип на спиење со други постоечки модели на спиење  и можете да добиете прилагоден водич за обука за спиење со цел да ги подобрите своите навики за спиење.  А во текот на денот, часовникот е вашиот личен тренер за вежбање. Сета физичка активност ќе биде евидентирана во вашиот рачен часовник Galaxy Watch6 без разлика дали пешачите, трчате, пливате, практикувате јога или било кој друг спорт, а вашиот напредок исто така ќе можете да го следите на својот рачен зглоб.

Но, со Galaxy Watch6 можете и да се забавувате: поврзете го со вашиот Galaxy Z Flip5 и правете селфи фотки од далечина од вашиот зглоб. Интересен нов начин како вашето селфи да биде најдобро, нели?


Galaxy Tab S9 таблет каков отсекогаш сте сакале!!

Извонредните карактеристики на таблетите од серија Galaxy Tab S9 се совршени за дено-ноќна забава еднакво како и за извршување на секојдневните професионални обврски. Без разлика дали ќе се одлучите за Galaxy Tab S9, Galaxy Tab S9+, или Galaxy Tab S9 Ultra, ве очекува досега најголемиот Dynamic AMOLED 2X екран произведен од Samsung, со HDR10+ што овозможува прилагодување на тонот кадар по кадар и фрејм по фрејм, со широк и беспрекорен спектар на бои и осветлувања. Потенки, но помоќни од претходните модели, Galaxy Tab S9 таблетите се опремени со истиот водечки мобилен процесор со молскавична брзина Snapdragon® 8 Gen 2 Mobile Platform за Galaxy.  Ииновативната Vision Boosterтехнологија автоматски ќе ги регистрира условите при јака светлина и во склад со нив ќе го прилагоди екранот за искуството да биде уште подобро. Сите унапредени функции  на таблетите од серијата Galaxy Tab S9 во целост ви овозможуваат да поминете долги часови во стримање, гејмање, бинџување, читање или работење на вашиот нов таблет, бидејќи пред вас е температурно најефикасната Galaxy Tab серија досега со внатрешна комора за пареа, посебно дизајнирана за потребите на таблет со висок интензитет со двонасочна диспрезија натоплина што помага при овозможување и одржување на подобри перформанси во тек на подолг период на користење.

Прочитајте повеќе за сите нови уреди ос линијата Samsung Galaxy на следиве линкови:

https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-flip5/

https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-fold5/

https://www.samsung.com/mk/watches/galaxy-watch/galaxy-watch6-40mm-gold-bt-sm-r930nzeaeuc/

https://www.samsung.com/mk/watches/galaxy-watch/galaxy-watch6-classic-43mm-silver-bt-sm-r950nzsaeuc/

https://www.samsung.com/mk/tablets/galaxy-tab-s/galaxy-tab-s9-ultra-wi-fi-graphite-256gb-sm-x910nzaaeuc/

https://www.samsung.com/mk/tablets/galaxy-tab-s/galaxy-tab-s9-wi-fi-graphite-128gb-sm-x710nzaaeuc/


ПР објава

Слично

Поврзани вести