Зошто некои обврски треба да ги оставите за утре?
Важно е да бидете реални во сето она што го работите.
Ако станувате нервозни и со мисла дали ќе ги завршите сите обврски, тогаш оставете нешто и за утре.
Time management објави пет причини зошто е добро некои обврски да ги оставите за утре.
Растеретете се
Ако сте постојано притиснати од обврски нема да бидете продуктивни.
Поминете на главното
Не дозволувајте неважни работи да се најдат на вашата листа на задачи. Ставете акцент на 3 до 5 главни обврски.
Елиминирајте го она што ви пречи
Тргнете го сето она што ви одвлекува внимание. Намалете го бројот на обврски кои се планирани за еден ден.
Не мора сите задачи да бидат завршени
Не значи дека секоја задача мора да се заврши иако е на вашата листа на обврски.
Бидете реални за своето време
Управувањето со времето својот клуч го крие во балансот. Бидете реални кога го планирате времето.
