Зошто не треба да пиете чај или кафе во авион?
Обожувате да си земате чај или кафе во текот на летот? Подобро престанете да го правите тоа, советуваат стјуардесите. А се прашувате зошто?
Се покажало дека водата за топлите пијалаци во авионите доаѓа од чешма, а не е флаширана. Истражување на примероци од 158 авиони покажало содржина на бактерии и нечистотии во 13%, пишува Travel and Leisure.
Две од примероците содржеле пример ешерихија коли. Статистиката покажува дека во еден на секои осум авиони стандардите за квалитет на водата не се почитуваат.
Затоа ако имате слаб имунолошки систем, подобро да стоите настрана од чајот и кафето додека летате во авион. Исто така не е препорачливо да им давате од топлите пијалаци на деца.
Слично
