Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто маслиновото масло е добро за срцето?

Зошто маслиновото масло е добро за срцето?

Исхраната на медитерански начин во која има доста маслиново масло, може да ги запре сиптомите кои водат до болести на срцето, тврдат истражувачи.

Студијата заклучила дека луѓето чија исхрана е богата со овошје, зеленчук, риба и житарици со маслиново масло и ореви, го намалува нивото на глукоза во крвта - што е сиптом на метаболичкиот синдром.

На пример, диета базирана на немасни намирници не покажала исти резултати.

Метаболичкиот синдром погодува четвртина од светската популација на возрасните и во прашање е комбинација на висок притисок, дијабетес и дебелина со што луѓето ги воведува во ризик за срцеви болести и мозочни удари.

Во шпанската судија учествувале 5800 мажи и жени од 55 до 80 години кои биле под ризик да заболат од болести на срцето во последните пет години.

Учесниците биле поделени во три групи - едни конзумирале медитерански суплименти со екстра маслиново масло, други се хранеле со медитеранска исхрана со додаток на јаткасти плодови а третата група се хранела со немасна храна.

Двете групи кои го следеле медитеранскиот начин на исхрана смалиле дел од дебелината и нивото на шеќер на крвта во текот на траењето на студијата.

Дури 64 одсто од учесниците на студијата имале метаболички синдром на почетокот, а четвртина од нив имале ваква состојба после завршувањето на истражувањето.

Студијата заклучила дека исхраната богата со маслиново масло е здрава и превентивна.

Слично

Поврзани вести