Зошто Лондон веќе е најдобар град во светот?
Лондон ги „победи“ Њујорк и Сиднеј и веќе со право може да се нарекува најдобар град на светот.
„Дејли Меил" соопшти дека податоците се на база на спроведена студија на различни мегаполиси во светот.
Тоа со што главниот град на Велика Британија ја предводи листата се не само знаменитостите, туку и најдобрите продавници, ресторани и аеродроми.
Следните градови на рангирањето се Сингапур, Њујорк, Париз, Сиднеј, Амстердам, Лос Анџелес, Токио, Сан Франциско и Торонто. Во написот се наведува дека Брегзит влијае негативно на земјата во многу различни аспекти, но перцепцијата на Лондон е останата „непроменета".
Меѓу „добрите страни на Лондон" е и фактот дека нуди разновидна култура и забава, има многу објекти кои можат да се посетат.
Лондонскиот кварт Сохо се смета за центар на ноќниот живот во британската престолнина.
