Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто комарците каснуваат некои луѓе почесто од други?

Зошто комарците каснуваат некои луѓе почесто од други?

Иако се верувало дека бројот на каснувања на вашата кожа ќе зависи од крвната група, новото истражување го побива ова верување.

Врз основа на резултати од истражувањето кое го спровела лондонската Школа за хигиена и тропска медицина е пронајдена врска меѓу убодите и мирисливите чорапи.

Претходните врски покажаа дека комарците повеќе „сакаат“ еднојајчани близнаци од двојајчаните. Затоа во ова истражување се користени чорапи на идентични и неидентични близнаци.

Им давале чорапи и ги пуштале во воздушен тунел со комарци како научниците би можеле да забележат кои стапала произведуваат хемикалии кои ги привлекуваат комарците.

„Се надеваме дека оваа студија ќе ни пружи подобар увид во механизмите врз основа на кои ќе можеме да влијаеме на мирисот на телото кое помалку или повеќе ги привлекува комарците“, рекол Џејмс Логан кој го започнал овој проект во јуни оваа година.

Идејата е да се идетификуваат гените кои прозиведуваат хемикалии непријатни за комарците и на основа на тоа да се создаде спреј против комарците, базиран на овие хемикалии.

Слично

Поврзани вести