Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто храната во авионот е толку безвкусна?

Зошто храната во авионот е толку безвкусна?

Едно е сигурно: Гордон Ремзи никогаш не би јадел храна од авион. Работел десет години за авио-компании и знае, вели, откаде е таа храна и колку и требало да дојде до раце на вашата стјуардеса.

Оброците кои се послужуваат во авионите едвај да се хранливи. Таа храна има лоша репутација од многу причини-начинот на кој е подготвена и се складира, како се сервира и условите на летот дефинитивно (негативно) влијаат на вкусот на храната.

Висина

Висината е клуч на проблемот. Воздушниот притисок на толкава надморска височина оневозможува подготовка на свежи оброци, затоа таа замрзната мора да се внесе во авионот и да им се послужи на патниците часови подоцна, подгреана.

Решение: Секое парче храна да се конзумира со течност, велат експерти.

Притисок и галама

Храната во авион може, и кога е добро подготвена да ви биде невкусна затоа што нискиот притисок и бука на моторот влијаат на сетилата на мирис и вкус. Оброците затоа неретко содржат 30 отсто повеќе сол или шеќер па макар да личат на онаа храна на земјата.

Ароми

Истражувањата покажуваат дека е попаметно, наместо слатки, да се послужуваат пикантни намирници како пармезан и соја сос. Истото важи за цимет, ѓумбир, бел кромид, чили и кари, дури и полошо, во воздухот, задржуваат добар дел од својата ароматичност.

Авиокомпаните затоа сега во своите менија интензивно воведуваат оброци базирани на ароматични намирници, а една од Хонг Конг оваа година дури и направила во својата понуда ново пиво со мед и лонган направено така да биде вкусно дури и во авион.

Слично

Поврзани вести