Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто грипот не „фаќа“ воглавно во зима?

Зошто грипот не „фаќа“ воглавно во зима?

Зимата ни е пред врати, а тоа значи дека ќе дојде до зголемен број на луѓе кои ќе добијат грпи. Многумина сигурно почнале да се подготвуваат за ладното време пред нас примајќи вакцини против грип, меѓутоа зошто епидемијата на грип е толку застапена во зима?

Грипот е најзастапен помеѓу декември и февруари, но може да биде крајно непредвидлив и да започне да се појавува и во октомври, пишува „Huffington Post“.

Истражувачите не се целосно сигурни зошто оваа болест е позачестена во зима, но имаат неколку теории.

Истражувањата покажуваат дека после ладните, суви услови, честиците на вирусот грип може да останат во воздухот подолг период и подалеку отколку што тоа може да го прават кога температурите се повисоки.

Студијата од 2008 година покажа дека надворешното јаже на вирусот станува поцврсто на ниси температури, што им дозволува на микробите да патуваат низ воздухот од личност до личност.

„Вирусот сака ниски температури на воздухот. Изгледа дека во такви услови подобро опстанува“, изјави др Лен Хорвиќ од Ленокс Хил болницата во Њујорк.

Луѓето во текот на зимата поминуваат повеќе време во затворено, што му овозможува додатна прилика на вирусот и понатаму да се шири, смета др Брус Ли од Школата за јавно здравје при Питсбург универзитетот.

Експерти велат дека најдобриот начин да се заштитиме од грипот е примање да вакцина против оваа болест.

Слично

Поврзани вести