Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто е добро жените да пијат утринско кафе

Зошто е добро жените да пијат утринско кафе

Кофеинот го подобрува здравјето на мозокот кај жените, покажува новото истражување на професорот Ира Дрискол од Универзитетот во Мичиген. Направени се анализи кај над 6000 жени на возраст од над 60 години кои секое утро пиеле кафе и утврдено е дека ризикот од деменција е значително намален, а задржано е и добро ниво на моторичките способности и когнитивните функции на мозокот. 

Во истражувањето се опфатени и жени кои внесувале кофеин на различни начини, на пример преку темен чај и слични продукти, па и кај нив резултатите се одлични. Засега научниците немаат потврда дали ефектите се должат на самиот кофеин или пак на фактот што често кафето се конзумира во друштво со пријателки. Затоа дами почесто дружете се со омилената шолја кафе или темен чај.


Слично

Поврзани вести