Зошто е добро да вложувате финансиски средства во инвестициски фонд?
Кога инвестирате, вие не се задолжувате, туку рационално и ефективно ги дистрибуирате вашите финансиски ресурси, за да добиете што поголема финансиска добивка. На тој начин, не само што заштедувате, туку и дополнително ја зголемувате вредноста на вашите средства. Инвестирањето преку акциски инвестициски фондови значи вложување во стабилни компании низ светот кои создаваат вредност преку раст на добивките и исплата на дивиденти. Кога купувате акција, вие станувате сопственик на хартија од вредност и со тоа добивате одредени финансиски права и одговорности, како и право на дел од профитот, дивидендa,a со купување на удели во инвестициски фонд, Вие индиректно вложувате во голем број акции односно учествувате во имотот на компаниите што се дел од портфолиото на фондот.
Доколку сте во процес на размислување, главната одлука која треба да ја донесете е во кој инвестициски фонд би сакале да ги вложите вашите средства и како да создадете оптимален баланс за максимален ефект. Од таа одлука, директно ќе зависат профитабилноста и ризикот на инвестицијата.
https://www.instagram.com/p/DXRQZKPEaNK/?img_index=1
Финансиската култура и навиките во Македонија покажуваат дека дополнителните приходи луѓето најчесто ги остваруваат преку кирија, т.е од наследен имот кој потоа носи дополнителни 300-400 евра месечно. Со оглед на тоа што во некои делови од Скопје, становите достигнуваат и продажна цена од 3000 еур м2, се поставува прашањето дали недвижностите се сè уште рентабилни и добра инвестиција? Колку реално еден млад човек во Македонија, со приход од просечна плата може да купи имот без да се задолжи во наредните 30-40 години ? Но, и колку рационално ги троши средствата од киријата кои пристигнуваат на неговата сметка секој месец?
“Вложувањето во инвестициски фонд подразбира здружување на средствата на инвеститорот со капиталот на многу други учесници во заедничко портфолио. Со овие средства управуваат професионални портфолио менаџери, кои ги пласираат во акции согласно јасно дефинирана инвестициска стратегија на акциски инвестициски фонд. Инвеститорот добива удели во фондот чија вредност се менува во зависност од перформансите на портфолиото. Ваквиот пристап овозможува диверзификација, односно намалување на ризикот преку распределба на вложувањата”, велат од ВФП Фонд Менаџмент. На овој начин, се нуди професионално управување, транспарентност и можност за долгорочен раст дури и со помали поединечни вложувања. Портфолио менаџерите на ВФП Фонд Менаџмент креираат стратегија која го штити вашиот капитал и истовремено отвора нови можности, го намалува ризикот и го зголемува потенцијалот за раст.”
Во професионалниот однос меѓу агентот и клиентот, довербата се гради преку транспарентност, експертиза и конзистентност. Транспарентноста обезбедува сигурност, бидејќи клиентот јасно знае каде се инвестира неговиот капитал, кои се трошоците, ризиците и можните пазарни сценарија. Експертизата, заснована на економски анализи и модели, ја потврдува професионалноста и кредибилитетот на инвестицискиот фонд. Кога инвестирате редовно и останувате доследни на својот план, чекор по чекор го градите патот кон долгорочен раст, финансиска независност и сигурност што трае. Мудро донесените чекори денес се темелот на стабилнатафинансиска иднина што ја посакувате.
