Зошто да (си) подарите смартфон на преклоп за Нова Година?
Веќе секој ден минува во духот на Новогодишните и Божиќните празници, а со тоа и плановите за подароци за драгите луѓе или пак за вас самите. Предлагаме да обрнете особено внимание на Samsung телефоните при изборот на совршениот подарок.
Galaxy Z Flip5 е внимателно осмислен до последниот милиметар за да ви обезбеди максимална удобност со особен фокус на беспрекорниот изглед и перформансите
Последните преклопливи уреди (Foldables) на Samsung од петтата генерација на Galaxy Z серијата веќе ги поместија границите за тоа како треба да изгледа совршениот смарт телефон кој се преклопува во поглед на дизајнот и функционалноста. Всушност, појдовна и централна точка за развојот на оваа серија е дизајнот, што може да се забележи во секој милиметар од овие уреди. Galaxy Z Flip5 кога е преклопен е мал како компактно огледало и совршено легнува во вашата дланка, што го прави искучително лесен за носење и вметнување во секој џеб или мала ташничка, а особено е погоден доколку вршите некоја спортска активност при која носење на поголем телефон би ви пречело. Токму затоа овој телефон е внимателно осмислен до последниот милиметар за да ви обезбеди максимална удобност при носењето на уредот, а со тоа и максимално слободно движење.

Но, не станува збор само за дизајнот во поглед на физичкиот изглед на Galaxy Z Flip5, туку и на практичната компонента е посветено многу внимание, која донесува искуствени подобрувања и создава бескрајни можности за персонализација и употреба. Она што овој уред го прави револуционерен, и што се истакнува како негова можеби најзначајна карактеристика е максималната искористеност на горниот дел од телефонот кога е затворен, на која површина го имате најголемиот надворешен екран Flex Window што досега го имале Galaxy телефоните на преклоп. На него ќе можете да ги отварате сите пораки, да одговарате на нив со комплетна QWERTY тастатура, да ја проверувате прогнозата, да ги распоредите вашите омилени апликации и икони, да ги проверувате новостите и уште што сé не. Поради големината на екранот имате и опција во целост да го персонализирате да одговара на вашиот стил со тоа што ќе изберете од мноштвото помошни програми, тапети за видеозаписи, прикази на часовниkот и различните стилови.
Она за што големиот надворешен Flex Window екран е дополнително заслужен е и унапреденото искуство со камерата. Без сомневање, за Новогодишната ноќ ќе имате најдобри фотки и снимки. Eдна од главните функции на предната камера на надворешниот екран е полесно да снимате видеа без раце, да правите селфи или да остварувате видео повици без да го држите телефонот во ваши раце, а со режимот FlexCam ќе правите фотографии од најразлични агли, бидејќи дизајнот на Galaxy Z Flip5 дозволува негово преклопување до повеќе агли, овозможувајќи селфи без раце или видео повици во движење. Galaxy Z Flip5 можете да го имате во една од четирите извонредни бои инспирирани од природата – ментол зелена, лаванда, графитна и крем.

Како поголема опција за телефон кој се преклопува е Galaxy Z Fold5 , кој пак со својата голема димензија кога е отворен, нуди сосема поинакви можности за искуство со вашиот мобилен телефон со голем екран кој е совршен за работа, гледање филмови и гејмање. Гавниот екран на Galaxy Z Fold5 кога е отворен, во целост може да го замени вашиот тaблет, па дури и компјутерот, што за сите професионалци е од огромно значење – да имате пристап до она што ви треба во секое време преку важиот телефон, без разлика каде се наоѓате или сте во движење.
Galaxy екосистемот нуди бројни можности за поврзување

Вашиот Galaxy смартфон е дел од екоситемот на Samsung и со еден клик можете да го поврзете со други други уреди. На пример со таблетот, кој исто така може да биде идеален подарок бидејќи Galaxy Tab S9 Ultra е врвен уред дури и за класата на премиум таблети. Впрочем, кој таблет и да го изберете од серијата S9 - Galaxy Tab S9, Galaxy Tab S9+ или Galaxy Tab S9 Ultra, го добивате најголемиот Dynamic AMOLED 2X екран произведен од Samsung. Ќе бидете супер-изненадени од острите и јасни детали со широк спектар на светли бои и целосна црна, благодарение на подобрената визуелност со HDR10+. Потенки, но помоќни од претходните модели, таблетите Galaxy Tab S9 се опремени со функција за заштита на видот која го намалува оптоварувањето на вашите очи при слаба осветленост, а при прегледување на содржината на вашиот нов таблет, ќе ги забележите дури и најситните детали, прецизни и јасни. Ова подобрување во гледањето важи и ако сакате да уживате во вашата содржина на таблетот на отворено, при што иновативната технологија Vision Booster автоматски ќе ги регистрира условите при силна светлина и соодветно ќе го прилагоди екранот за да го направи искуството уште подобро. Сите напредни функции на таблетите од серијата Galaxy Tab S9 ви овозможуваат да поминувате долги часови на стриминг, играње игри, гледање содржина, читање или работа.

Промотивни понуди при купување телефон или таблет
Уште малку време останува да ги искористите промотивните понуди кои Samsung ги доделува на своите клиенти. Со секој купен телефон Galaxy Z Flip5 или Galaxy Z Fold5, како и таблет од серијата Galaxy Tab S9, добивате четри месеци бесплатно непречено гледање на YouTube Premium да уживате во омилените содржини без прекинувања од реклами и без wi-fi мрежа. Дополнително за телефоните ви следува и 6-месечна бесплатна услуга за простор за складирање на облак, безбедна е-пошта без реклами и пристап до поддршка од Microsoft. Побрзајте, и направете ги овие празници уште повесели!
Повеќе информации за производите прочитајте на следниве линкови:
https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-flip5/
https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-fold5/
https://www.samsung.com/mk/tablets/galaxy-tab-s/galaxy-tab-s9-wi-fi-graphite-128gb-sm-x710nzaaeuc/
ПР објава