Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зорица Црношија: Гладна и жедна за нови предизвици

Зорица Црношија: Гладна и жедна за нови предизвици

Навикнавме да ја гледаме со нејзината насмевка. Девојката која вешто и непосредно комуницира. Динамична, амбициозна, принципиелна. Нејзините вештини и знаења продолжува да ги надградува и да ги искачува на повисоки нивоа. Годинава која завршува, ќе ја памети веројатно по многу нешта. Сепак, централно внимание ќе има новата позиција и новиот тим со кои е споена од први ноември. Зорица Црношија е исправена пред нов професионален предизвик. Стана дел од тимот на Студио Модерна. Тука се чувствувам како да сум дома, вели искрено.

За новиот предизвик, но и за целите кои си ги зацрта со него, разговараме денес најотворено. Еве ги нејзните впечатоци.

Женски Магазин Која е вашата нова улога?

Зорица Новата позиција како Маркетинг Менаџер во Студио Модерна подразбира реализација на низа промотивни активности што на нашите производи и услуги би им овозможиле добро „ехо“ во јавноста и во свеста на потрошувачите. Планирање, насочување и координирање на промотивните активности на сите полиња, со помош на сите достапни канали и алатки. Развој и промоција на нови понуди, осмислување и реализација на кампањи, препораки за стратегии, како и ефективни контроли на резултатите и проценување на реакциите на потрошувачите. Одржување на добар имиџ на производите и услугите и секако, унапредување на продажбата. Од поединец на оваа позиција се очекува и да препорачува и предлага промени во насока на унапредување на разбирањето на потребите на потрошувачите што постојано се менуваат. А јас немам намера да заштедам на моите вештини и знаења и планирам да инвестирам сè што можам и умеам во оваа и онака успешна приказна.


Целото интервју прочитајте го на Женски магазин, тука.

Слично

Поврзани вести