Економија, финансии, бизнис

Контакт

Знаете ли што е РеСПА?

Знаете ли што е РеСПА?
Министри од Западен Балкан кои се одговорни за реформи во јавната администрација на 31 октомври во Скопје ќе одржат заеднички состанок. Целта е да се направи анализа на резултатите и самиот прогрес на земјите од овој регион во процесот на имплементација на реформите во јавната администрација, и да се разменат искуства за ЕУ интерграционите активности. РеСПА интензивно реализира семинари на високо ниво, на теми поврзани со: лидерство и менаџмент, стратегии за човечки ресурси во институциите за Јавна Администрација, тим менаџмент,  настани од високо ниво на тема еВлада како: стратешко планирање и имплеметирање на еВлада проекти, семинари за јавни набавки, летни школи за законска регулатива и сл. За активностите на РеСПА разговараме со Влатко Наумовски- финансиски директор на РеСПА-регионалната школа за јавна администрација. Фактор: Кои се бенефитите за една земја да бидe членка на оваа организација? В.Наумовски: РеСПА е меѓународна организација на која и е доверена мисијата за унапредување на регионалната соработка во областа на јавната администрација во земјите од Западен Балкан и пошироко. Како таква, РеСПА е единствен историски потфат, основана за поддршка при создавањето на одговорна, ефикасна и професионална јавна администрација во земјите од Западен Балкан, со цел да им помогне на нивниот пат кон членство и интеграција во ЕУ. РеСПА се обидува да ја постигне оваа мисија преку организирање и испорака на обуки, конференции на високо ниво, вмрежани настани и публикации, креирање на севкупни цели кои имаат за цел да пренесат нови знаења и вештини, како и да се олесни размената на искуства во рамките на регионот, помеѓу регионот и земјите членки на ЕУ. Пред се РеСПА се обраќа кон функционерите од оние земји кои имаат потпишано и ратификувано Спогодба за основање на Регионалната школа за јавна администрација и со самото тоа се и членови на РеСПА (Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Република Македонија, Црна Гора и Србија), како и кон други лица во регионот на Западен Балкан и пошироко.  Активностите исто така, се отворени и за претставници од другите земји и институции. Фактор: Kакви сѐ активности презема РеСПА? В.Наумовски: Активностите на РеСПА вклучуваат обука, организација на настани и конференции, летни школи организирани во странство и во РеСПА, студиски патувања, компаративни студии (со фокус на земјите од Западен Балкан) и публикации. Меѓу наведените активности, делот за обука е најважната активност на институцијата. Семинарите и работилниците покриваат многу области од значење и интерес на јавноста а поврзани со администрацијата и државните институции во Западен Балкан. Некои од нив се: реформи на јавната администрација, законодавство за пристапување во ЕУ, политиките на ЕУ и прашања поврзани со протокол, финансиски менаџмент, борба против корупцијата, етика и интегритет во јавната администрација, управување со човечки ресурси, управување со квалитет, стратешки менаџмент и планирање, лидерство, управување и добро владеење, модерна администрација, управување со проектен циклус и ИПА / структурните фондови, меѓународни односи, комуникација и административни процедури во организации, јавно приватно партнерство, јавниот пристап до информации, транспарентноста на јавната администрација, е-влада итн. Фактор: И за крај, колку време сте инволвирани во работењето на РеСПА и кој е вашиот личен предизвик за извршувањето на оваа функција? В.Наумовски: Морам да нагласам дека чувствуваат голема чест и одговорност што сум дел од РеСПА, како одговорен  во областа на финансиите, оперативата, администрација, но и во дел од програмските активности. Во текот на изминатите 3 години РеСПА се развива и надградува од институција за обука, до заедничка регионална платформа за реформи во јавната администрација и интеграција во ЕУ, која треба да овозможи поддршка во регионот на Западен Балкан, а и пошироко. Наша цел е да ја унапредиме институционалната и регионалната соработка според утврдените РеСПА тематски мрежи, и да ја олесниме професионалната соработка меѓу високите и пониските нивоа на државни службеници во регионот. Во исто време, со цел да се осигура комплементарност на програмата, РеСПА како меѓународна организација соработува и со повеќето други меѓународни организации. Сето тоа да се спреоведе на највисоко ниво бара од мене максимален ангажман и иницијативност во спроведувањето на активностите од институционален, оперативен и програмски аспект.
Слично

Поврзани вести