Знаете ли кој е највалканиот дел од хотелската соба?
Би-Би-Си Травел спроведе анкета меѓу личности кои доста често патуваат за да ги открие хотелските тајни и ги запраша што е всушност највалканиот дел од хотелската соба.
Само на малкумина им било потребно повеќе време да размислат. Поголемиот дел без размислување одговориле - далечинскиот управувач. За овој предмет се верува дека е преолн со бактерии.
Истражувањата спроведени во последните години покажале дека патниците се во право. Меѓу предметите со најмногу бактерии во хотелските соби се далечинските управувачи и прекинувачите за светло.
Една студија спроведена во 2012 година покажала дека далечинскиот управувач во хотелскат соба во просек има 67,7 бактерии на квадратен сантиметар. Како да се заштитите од овие бактерии кои пренесуваат болести? Еве неколку предлози:
1. Носете со себе пластична ќесичка со која ќе го покриете далечинскиот управувач додека го користите
2. Исчистете го далечинскиот управувач со антибактериски марамчиња.
3. Бактериите можете да ги отстраните и ако далечинскиот управувач го пребришете со алкохол.
4. Не гледајте телевизија, ионака сте на одмор, па ова е најдобро време да ги исклучите сите уреди!
Слично
