Економија, финансии, бизнис

Контакт

Знаете ли кој ден е најдобар за дремка на работа?

Знаете ли кој ден е најдобар за дремка на работа?
Знаете ли дека, како што постои најдобар ден за состанок, исто така постои и ден кога луѓето најчесто дремат на работа. Ако чисто информативно ве интересира ова првото, се работи за вторник. А што се однесува за спиење на работа , средата се покажала како ден кој на работниците им е најпримамлив за дремка на работното место. Ова е откриено по пат на истражување кое го спровела една британска компанија „Lucozade Revive‘‘ на околу 2.000 вработени , а се работи за кратка дремка . Но меѓу нив  биле и оние кои успеале да отспијат дури и 45 минути, но тоа се многу ретки случаи. 22 %  од испитаниците признале дека барем еднаш заспале на работното место и тоа во попладневните сати , а кон тоа повеке  склони се  жените. Најчесто се спие на работниот стол , а меѓу популарните места се и собите за состанок и вецето . Како најчести причини за спиење се наведуваат лошото време, уморот, но и депресивната атмосфера во работната просторија. А како да не заспиете ? Испитаниците мислат дека најдобар лек за тоа е доброто расположение на колегите.
Слично

Поврзани вести