Знаете ли до кога имаат зачините рок на траење?
Дали некогаш сте се запрашале колку всушност зачините и намирниците како шеќер или сол траат? Повеќето од нас шеќерот го стават во сад и го употребуваат се додека не се потроши, а истото важи и за зачините.
Можеби имате некои зачини на полиците или во оставата кои ги купивте само за едно јадење па заборавивте на нив? Ако помина половина година, едноставно мора да ги фрлите. Според заклучоците на Карен Пејџ, авторката на книгата „The Flavor Bible“, зачините треба да се менуваат после шест месеци, а најдолго година дена.
Најкратко траат мелените зачини, додека оние во парчиња како стапчиња цимет може д атраат подолго.
Како што пишува „Хафингтон Пост“, среќа е што всушност ништо лошо не може да се случи ако имате зачини на кои им истекол рокот на траење. Најлошо што може да се случи е што јадењето ќе нема вкус кој би требало да го има бидејќи зачинот е стар па го нема примарната јачина.
Еден од советите како да ги замените барем еднаш годишно е тоа да го направите пред божиќните и новогодишните празници. Освен што тој период од годината е кога готвиме повеќе од обично и ги користиме сите намирници, така и зачинот, сигурно ќе се етите во иднина да ги замените на време.
Исто така ќе имате свежи зачини за најдрагите јадења кои ќе бидат одлични.
