Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Златната" 2016: Кипарското туристичко чудо

„Златната" 2016: Кипарското туристичко чудо

Сите резултати од туристичката сезона спаѓаат во  рекордни. 

Во април оваа година Кипар во Пекинг отвори центар за апликација за визи, за да привлече туристи од огромниот азиски пазар. Во август првата организирана група Кинези веќе се радуваше на медитеранското сонце на западното крајбрежје на островот. Во септември таков визен центар започна со работа и во Техеран,  Иран. 

Ова се само дел од одговорите на прашањето зошто малиот остров кој главно живее од туризмот, во 2016 година имаше рекорден број странски гости, а се очекува уште посилна 2017 година. 

Летната сезона во Кипар е уште во полн замав - поради топлата клима до 31 октомври, а во последните години продолжува и во почетокот на ноември. Апсолутен рекорд за сите времиња има август, кој донесе во Кипар близу 460 000 странски гости или за 17% повеќе од минатата година. Од јануари до јули Кипар заработил од туризмот  1,23 милијарди евра, со што ги надмина за 15% седумте месеци од 2015 година. 

Туристичката индустрија е најважниот извор на приходи за Кипар, и дава 12% од бруто домашниот производ. 


Слично

Поврзани вести