ЗК Пелагонија бележи значителен раст на приходите
Битолскиот земјоделски комбинат ЗК Пелагонија во првите три месеци од годинава ги зголеми приходите за 35% во споредба со истиот период лани.Загубата годинава е помала од лани за 25% и изнесува 780 илјади евра.
Приходите од продажба изнесуваат 2,1 милион евра и се зголемени за 50% во споредба со истиот период лани, додека останатите оперативни приходи се зголемени за 127%. Според извештајот објавен на Македонската берза, комбинатот гоинава почнал да продава и на странските пазари каде се остварени приходи од 24 илјади евра, за разлика од лани кога воопшто немало продажба во странство.
Финансиските и другите приходи од финансирање се значително намалени и изнесуваат 3 илјади евра, во споредба со лани кога изнесувале 284 илјади евра.
Загубата во првите три месеци изнесува 780 илјади евра и во споредба со истиот период лани е намалена за 25%. Комбинатот образложува дека годинава се зголемиле расходите и тоа на потрошен инвентар и ситен инвентар, на услуги и амортизација, додека намалени за трошоците за вработените. Финансиските расходи во првите три месеци од годинава изнесуваат 28 илјади евра, додека лани во истиот период изнесувале близу 10 илјади евра.
Промените во залихите на готови производи и производство во тек изнесуваат 40 илјади евра за разлика од лани кога изнеусвале 160 илјади евра. Во образложението од компанијата се наведува дека променливоста на залихите особено е изразена во делот на производството во тек заради тоа што во поледелското производтсво во различни години во различно време почнувале вложувањата во производството.
Слично
