Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЖИВОТ ВО ГЕРМАНИЈА: На работа атмосферата е опуштена, стрес има многу ретко

ЖИВОТ ВО ГЕРМАНИЈА: На работа атмосферата е опуштена, стрес има многу ретко

Уште еден Хрват може да се пофали со добар живот откако заминал во Германија. 

Хеилброн е еден од економски најбрзорастечките градови во Германија. 

Таму живее и 21-годишниот Марко од Хрватска кој лани стигнал во Германија, но менувал повеќе работни места во повеќе градови по што решил да отиде на богатиот југ. 

„Година дена сум овде и воодушевен сум. Кога дојдов работев како келнер, но потоа најдов фирма која обучува заварувачи за автомобилска индустрија. Положив и добив работа. Имам  свое место. Кога ќе ја преземам смената, па до крајот на работното време шефот не го гледам. Атмосферата е опуштена на работа, стрес има многу ретко“- вели тој. 

Објаснува дека до работа има километар и пол, но оди пеш. Викендите ги поминува со пријатели во околината на градот. 

Слично

Поврзани вести