Живеј Здраво, Промовирај се Моќно и Дружи се со залезот на сонцето во Сопиште!!!
Интерсофт ја иницира можноста сите зантересирани одблизу да го запознаат Сопиште и можностите што ги нуди, па со овој повик сакаме да ве поканиме на првото издание на „Живеј здраво, промовирај се моќно и забавувај се!“
Идејата произлезе од тоа да организираме отворен ден за посета на куќите во Сопиште, но целта на посетата не е само запознавање со проектот туку и разгледување на можностите за соработка, дружење, запознавање и ширење на бизнис мрежа.
ЖИВЕЈ ЗДРАВО!
комплекс “Ветрило” на падините на општина Сопиште
Сите имаме желба и потреба да живееме во мирна средина со нормални параметри за здрав живот во еколошко опкружување, далеку од загаден воздух и константна врева, а сепак во непосрена близина на само 7 км оддалеченост од центарот на Скопје.
Ве покануваме да земете учество на средбата што ќе се случи на 05-ти јули (четврток) на локацијата: комплекс “Ветрило” - oпштина Сопиште,со почеток од 18:00 ч.Можноста за соработка ја промовираме преку присуство и/или учество во презентацијата и запознавање со производите и услугите што секоја компанија има да ги понуди.

ПРОМОВИРАЈ СЕ МОЌНО!
Секој ја има можноста да го пополни просторот во една од куќите на комплексот “Ветрило”.
Целта е да ја доживеете оклината и да
разгледате опремена една куќа - објект во комплексот “Ветрило”, која
ќе биде целосно опремена со производи, како штотуку да сме го
напуштиле домот.
При посетата, да се добие чувство дека сте во дом, свој
дом, а не во изградена квадратура. Најидеално место за презентација
на вашите производи е директно во домот и добивање на
чувство за намената за која производите се создадени!

ДРУЖИ СЕ ПОД ОТВОРЕНО НЕБО!
Дружбата и забавата започнува во Сопиште со музика и убава енергија од сите Вас.
Кратка агенда:
- 18:00 - Пристигнување на настанот и регистрација
- 18:30 - Отварање на настанот
- 18:35 - “Фенг Шуи системи за здраво просперитетно живеење - практична примена на Фенг Шуи ситеми” – Моника Конеска, Feng Shui Architect
- 18:42 - " Зелени ѕидови, кровни градини” - Мите Филков, Хорти Експерт МК
- 18:50 - "Valeto Smart Home System" - Никола Милев, Лекс Електрик
- 19:00 - Дискусија
- 19:10 - Посета и разгледување на куќа- објект , комплетно уредена и запознавање со компаниите кои ќе ги презентираат нивните приказни за успешно општествено влијаниe
- 19:40 - Коктел забава и дружба
Сите заинтересирани кои сакаат да ја видат куќата целосно уредена може да не посетат од 06.07 до 09.07

