Жито со осумнаесетти маркет во Скопје
Жито Маркети го отворија својот 18.маркет во Скопје, а 53.во Македонија. Новиот маркет се наоѓа на улицаМетодија Шаторов Шарло, брoj30, во населбата Аеродром,во близина на поликлиниката “Јане Сандански”.Маркетот е распространет на површина од 330 м2, со две наплатни каси и со тим од тринаесет вработени.
“Отворањето на уште еден во низата маркети во Скопје е само доказ за довербата која што ни ја укажуваат граѓаните во главниот град, а ние таа доверба ќе ја оправдаме преку професионалната услуга, популарната ценовна политика и широкиот асортиман на производи. Следењето на овој концепт, всушност, енаш приоритет кон задоволување на потребите на нашите купувачи”, изјавиСтојанче Тодороски,Административно – техничкидиректор на Жито Маркети,.
Покрај големиот број презентации и дегустации, акции на топ продаваните производи и изненадувања за сите посетители, на отворањето граѓанитеможеа да аплицираат и за Лојалната картичка на Жито Маркети под слоганот “Навика да добивам повеќе”, што на купувачите им овозможува дополнителен бенефит при пазарењето.
Новиот маркет е отворен седум дена во неделата, со работно време од 08,00 до 21,30 часот од понеделник до сабота, а во недела од 09,00 часот до 17,00 часот.
