Жито Лукс со донации за социјално загрозените семејства
Во овие тешки времиња на криза,
предизвикана од пандемијата на COVID-19,
Жито Лукс продолжува да донира на здруженија кои им помагаат на социјално
загрозени семејства, како и установи за деца без родители, сé со цел да им
овозможи полесно справување со новонастанатата ситуација и побезбедно снабдување
со основни производи.
Брашно во количина од околу пет тони и околу 2000 други производи од палетата на Жито Лукс се досега доставени до СОС Детско село, Општините Бутел и Центар, како и неколку други институции наменети за социјално загрозени семејства.
Во согласност на својата општествена одговорност и свест за потребите на засегнатите групи граѓани, Жито Лукс во повеќе наврати своите донации и хумани активности ги насочува кон категориите граѓани на кои им е потребна помош и ќе продолжиме така и во иднина.
