Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жителите на Ново Лисиче на детската улица ќе ги слушаат песните на Тоше Проески

Жителите на Ново Лисиче на детската улица ќе ги слушаат песните на Тоше Проески

На еден од најпосетените детски паркови каде што се наоѓа и големиот споменик на Тоше Проески жителите на Ново Лисиче наскоро ќе уживаат слушајќи ги неговите песни од 10 до 22 часот.

Според информациите од Општина Аеродром системот за озвучување ќе добива струја од истото место од каде што струја добива осветлувањето на фонтаната „Тоше Проески“.

Имено, паркот кој што е катче на речиси поголемиот дел на децата од скопски Аеродром оваа привилегија ќе ја уживаат благодарние на Здружението на Власи стопанственици на Македонија „Мандра“ .

На ова се согласиле жителите во околината кои потврдија дека музиката воопшто нема да им пречи, туку ќе им го разубави омиленото место на нивните деца и внуци.

„Музиката на Тоше е нешто што треба да го слушаме секојдневно. Затоа оваа одлука наиде на одобрување од наша страна. Како што му доликува на нашиот парк да го носи името „Тоше Проески“ така доликува да се слуша и неговата музика, која ни под разно не треба да ја заборавиме“.

Слично

Поврзани вести