Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зимска магија со FASHION GROUP

Зимска магија со FASHION GROUP

Убавината на зимата, мирисот на штотуку испечените колачиња со цимет, собирањето на целото семејство додека се отвораат новогодишните подароци...декември - месец полн со исчекување на новогодишната магија и сета убавина поврзана со неа.

За да ги дополниме сите специјални моменти на нашите верни купувачи и љубители на модата, Fashion Group подготви зимски каталогкој ќе служи како инспирација во празничните деновите кои доаѓаат. Низ трите различни приказни – “Планински авантури”, “Урбан живот” и “Светла во ноќта”, каталогот претставува комбинации соодветни за различните стилови, потреби и желби на купувачите. Со прикажаните парчиња тие ќе се чувствуваат удобно и привлечно без разлика каде се; низ урбаниот метеж сред новогодишната еуфорија, додека се забавуваат под празничните светла на градот или пак додека уживаат во зимската идила во природа.

Подарувањето е неизбежен дел од празниците и затоа во оваа издание нудиме избор на многубројни и разновидни подароци, а  облеката и додатоците за најмалите модни вљубениците се исто така дел од каталогот.

Главни улоги во зимската магија која ја креираат брендовите на Fashion Group имаат моделите Ангела Карова и Стефан Симоновски. Фотографите Ани и Дими ги претворија сите впечатливи моменти во успешни кадри, додека пак одговорна за шминка и фризура беше Зорица Николова. Локациите кои им даваат дополнителен шарм на фотографиите се Кантина лаунџ бар, кафе бар Винил и реновираното бачило, дел од скијачкиот центар Заре Лазаревски во Маврово.

Зимскиот каталог е достапен во електронска форма на www.fashiongroup.com.mk, a наскоро ќе може да се најде и во секоја од продавниците на групацијата.


Слично

Поврзани вести