ЗИМСКА ГУМА ВО ЛЕТО КОЧИ ЗА ШЕСТ МЕТРИ ПОДОЛГО!
Како најпродавани гуми за почетокот на летната сезона, експертите од Олимпико ги истакнуваат BFGoodrich G-GRIP и MICHELIN PILOT SPORT 4.
Летната сезонапристигна, барем за миленичињата на четири тркала. Од средината на март, согласно завршувањето на законската регулатива за зимски гуми, многумина возачи тргнаа да ги променат зимските во летни пневматици, со постојаните дилеми – Каква гума ми треба за во лето? На што треба да внимавам? Што посочуваат ознаките на гумите?
Одбирањето на соодветен пневматик знае да биде макотрпна работа, но и многу битен процес, затоа што изборот има и безбедносен предизвик – гумите се единственото нешто што стои помеѓу возачот (патниците) и асфалтот. Еве малку помош при соодветниот избор на вистинските летни пневматици.

При купувањето на летни гуми треба да имаме некоја генерална претстава и основно предзнаење кое што би можело да ни го даде правецот при изборот за адекватниот пневматик за сезоната. Она од што треба да се тргне е големината на тркалата на автомобилот, изразена во инчи, како и на широчината на тркалото, која што обично се означува со јоти.Најважните ознаки, значи, се широчина, профилот и големината на гумата.
Преку соодветен пример, тоа би изгледало вака: 135/80 R13- првиот број 135 ја претставува широчината на гумата во милиметри; вториот број 80 го претставува односот помеѓу висината во бочниот ѕид на гумата и газечката површина, односно нејзината широчина. Со последната ознака R13 односно со бројот 13 се означува големината на гумите во инчи, а ознаката R покажува дека станува збор за радијална гума.

Иако возачите законски не се обврзани за поседување летни гуми во летната сезона, како што тоа важи за зимскиот период, сепак треба да се знае дека користењето на зимски пневматици во лето ниту заштедува пари, ниту е безбедно. Напротив, тие ја зголемуваат потрошувачката на гориво, високите температури доведуваат до оштетување на зимските гуми, а при поголема брзина на автопат во текот на летото, можно е да дојде и до поголемо oштетување на пневматикот. Што се однесува до безбедноста, во споредба со летните, зимските гуми на суви подлоги, при температура од 20 Целзиусови степени и брзина од 100 km/h, имаат во просек за шест метри подолго растојание на сопирање. Ова значи дека кога автомобилот со летни гуми ќе застане, возилото со зимски пневматици се движи со 37 km/h.
Секоја сезона, големите произведувачи имаа по неколку свои хит пневматици. Како најпродавана гума за почетокот на оваа сезона, експертите ја истакнуваат гумата BFGoodrich G-GRIP. “На пазарот оваа гума е поставена со средна цена а висок квалитет, произведена од лидерот во пневматици Michelin. Одличните перформанси, уникатна шара за експресно исфрлање на водата од патот и одлична контрола во свиоците, се елементи кои што можат да се почувствуваат при спортско и поагресивно возење. Оваа гума ќе понуди незаменливо задоволство при возењето на суви површини, како и одлична безбедност на влажни патишта.”, истакнува Димитар Јанакиев, експерт за продажба од познатиот салон за гуми, Олимпико. Исто така, како хит за оваа сезона, тој ја посочува и MICHELIN PILOT SPORT 4. “Овој пневматик е со неверојатни перформанси на влажни површини и со одлична стабилност, а шарите овозможуваат ултра-реактивност и постојано прилагодување на патот. Дизајнот на овој пневматик е изработен според стандардите на најреномираните производители на автомобили, како што се BMW, Audi, Mercedes, Porsche... и е развиен врз основа на искуството во мотоспортот”, вели Јанакиев.
Веќе 26 години, салонот за гуми Олимпико на македонскиот пазар и на македонскиот возач му нуди избор од надобрите и докажаните светски брендови за пневматици, како што се Michelin, BFGoodrich, Kleber и Tigar.
